Резервациите на авионски билети во Европа се намалени за 23 отсто

80

Закрепнувањето на патничкиот авиосообраќај е запрено по рускиот напад на Украина, при што резервациите на летови во Европа се намалени за 23 отсто, а трансатлантските резервации за 13 отсто во текот на првата недела од конфликтот, соопшти денеска ForwardCase, која ја следи статистиката.

Податоците за бројот на резервации во периодот од 24 февруари до 2 март, во однос на неделата пред рускиот напад на Украина, се првиот показател за расположението на патниците за патување во текот на летната сезона, наведува Ројтерс.

Поради зголемената инфлација и цените на нафтата, кои генерално ги загрозуваат економските перспективи, авиокомпаниите, вклучувајќи ги Луфтханза, Квантас и јапонската АНА холдингс, предупредија дека цените на билетите можеби ќе треба да се зголемат за да се покријат зголемувањето на трошоците.

Најпогодени дестинации во Европа се оние на истокот, кои се најблиску до зоната на конфликтот, при што Бугарија, Хрватска, Естонија, Грузија, Унгарија, Латвија, Литванија, Полска, Словачка и Словенија ги намалија резервациите за 30 до 50 отсто, според ForwardCase.

Резервациите на домашните летови во Русија, која беше еден од светските авијациски пазари со најдобри перформанси за време на пандемијата, паднаа за 49 проценти.

Потпретседателот на ForwardCase, Оливие Понти, вели дека рускиот напад врз Украина го запре закрепнувањето на резервациите што започнаа во јануари, кога многу земји доживеаа врвен бран на инфекција со вирусот Ковид, но додаде дека влијанието на конфликтот врз трансатлантските патувања и западноевропските дестинации досега не толку лоши како што се стравуваше.