Резултати од проектот Промоција на енергетска ефикасност на општините

29

Работилница за претставување на резултатите од проектот Промоција на енергетска ефикасност на општините во Македонија, се одржува денеска во Домот на АРМ во Струмица, во организација на Консалтинг за стратешки развој во соработка со Светска банка и Агенцијата за енергетика на Република Македонија, пишува Миа.

Проектот е техничка помош финансиран со грант од страна на Светска банка и има за цел да ги зајакне капацитетите на општините во Република Македонија за поефикасна употреба на енергијата, односно да ја подигне свеста за придобивките од финансирањето во мерките за енергетска ефикасност и јакнењето на општинските капацитети.

На работилницата се очекува да присуствуваат градоначалниците на општините од Југоисточен плански регион, менаџерите за енергетска ефикасност, претставници на општините, граѓански организации, бизнис заедницата и граѓани. Обраќање и презентации на работилницата ќе имаат претставници од Светска банка, Агенцијата за енергетика, како и претставници на имплементаторите на проектот.