
На Волстрит, берзанските индекси силно пораснаа во четвртокот, благодарение на подобрите од очекуваните деловни резултати на технолошките гиганти, пред сè Мета, матичната компанија на Facebook.
Dow Jones порасна за 1,57 отсто, на 33.826 поени, додека S&P 500 скокна за 1,96 отсто, на 4.135 поени, а индексот Nasdaq порасна за 2,43 отсто, на 12.142 поени.
Во сите 11 најважни сектори на индексот S&P 500, цените на акциите вчера пораснаа, а највисоко во секторот за комуникациски услуги, за 5,5 отсто.
Во исто време, најголем добитник беше акцијата Мета, со скок на цената од речиси 14 отсто, откако чадор-компанијата на Facebook објави подобри квартални деловни резултати од очекувањата.
Технолошкиот сектор веќе е засилен со силните резултати од гигантите како Microsoft, Amazon.com и Alphabet во претходните денови.
„Заработката на Facebook и другите големи технолошки компании беа пријатно изненадување. Деловните модели на тие компании се чини дека се многу отпорни на забавување на економскиот раст. Покрај тоа, овие компании имаат многу готовина, па почнуваат со програми за откуп на акции“, објаснува Мона Махајан, аналитичар во Едвард Џонс.
Од компаниите од индексот S&P 500 кои досега објавуваа финансиски извештаи, речиси 80 отсто од нив оствариле поголема заработка од очекуваната.
На европските берзи вчера тргувањето беше повнимателно отколку на Волстрит. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,27 отсто, на 7.831 поен, додека франкфуртски DAX зајакна 0,03 отсто, на 15.800 поени, а париски CAC 0,23 отсто, на 7.483 поени.
Фото: Facebook











