Римац е сè поблизу до преземање на Bugatti

130

Производителот на електрични суперавтомобили, Rimac Automobili и Bugatti на Volkswagen се добар пар од аспект на технологијата.

Така барем оцени Оливер Блум, директорот на Porsche за германски Automobilwoche. Со таа изјава тој ги поттикна надежите дека конечно може да се постигне договор, односно дека Rimac навистина може да го преземе Bugatti.

Британскиот CarMagazine минатата година објави дека Volkswagen ќе му го предаде Bugatti на Римац, во замена за зголемување на уделот на Porsche (исто така сопственост на Volkswagen) во Rimac Automobili.

“Во моментов, интензивно размислуваме како да обезбедиме развој на Bugatti на најдобар можен начин. Rimac Automobili би можел да игра значајна улога во тоа, бидејќи овие две марки се вклопуваат технолошки“, изјави Блум за Automobilwoche.

Фото: Facebook