Rimac го презема Bugatti, седиштето на новата компанија во Хрватска

136

Компанијата на хрватскиот иноватор и претприемач Мате Римац, станува мнозински сопственик на Bugatti Automobiles, а компанијата Rimac Automobili, станува Rimac Group поделена на две компании, Bugatti Rimac и Rimac Technology.

Седиштето на новата компанија ќе биде во Хрватска и двата бренда ќе продолжат да развиваат модели на автомобили во рамки на компанијата.

“Ова е пресвртница во историјата на компанијата. Се здружуваме со иконата на автомобилските брендови во нова автомобилска и технолошка компанија. За само 10 години, Rimac Automobili напредуваше од старт – ап компанија и еден човек во гаражата до создавањето на Bugatti Rimac, во соработка со Porsche и Volkswagen“, соопшти Римац.

Rimac Group ќе биде најголем акционер во новата компанија Bugatti Rimac, со удел од 55%. Мате Римац ќе го задржи својот постоечки удел во Rimac Group од 37%, Porschе останува на 24%, Hyundai Motor Group на 12%, а останатите инвеститори на 27%. Развојот, производството и испорака на батериските системи, погонските склопови и останатите EV компоненти, по кој е Римац познат и со кои ја стекнал довербата на бројните произведувачи на автомобили, ќе бидат одвоени во нов субјект, Rimac Technology, којшто ќе биде во стопроцентна сопственост на Rimac Group. Rimac Technologies останува независна компанија која соработува со бројни светски произведувачи на автомобили“, наведуваат од Rimac Automobili.

Мате Римац ќе биде на чело на новата компанија. Како главен извршен директор Rimac Group, ќе ги води Bugatti Rimac и новата компанија Rimac Technology. Со тоа, Мате Римац и натаму управува со сите сегменти на работењето на Rimac Group, која сега го вклучува и Bugatti. Bugatti и Rimac продолжуваат како посебни брендови, ги задржуваат постоечките производни погони и канали за дистрибуција, додека седиштето и целиот развој за двата бренда ќе биде во Хрватска.

Rimac Group ќе продолжи со иновациите, со создавање на сопствени хиперавтомобили и развојни системи и технологии за бројни светски произведувачи на автомобили. Таквата иновативна технологија ќе може да се применува во идните модели на Bugatti, стои во соопштението.

Фото: Facebook