Римац ќе добие дел од 2,9 милијарди евра поддршка од ЕК

43

Европската комисија (ЕК) одобри 2,9 милијарди евра државна помош на 12 земји членки на Унијата, вклучувајќи ја Хрватска, за производство на батерии за електрични автомобили, а помош во иновации и развој ќе добие сопственикот на Rimac Automobili, Мате Римац.

Проектот на ЕК предвидува финансирање на експлоатација на суровини, проектирање и производство на ќелии, како и рециклирање и одлагање на батерии.

Во рамки на проектот, поддршка добиваат: Австрија, Белгија, Хрватска, Финска, Франција, Германија, Грција, Италија, Полска, Словачка, Шпанија и Шведска, пренесува Пословни дневник.

Фото: Facebook