Римац: Ќе отвориме канцеларии низ светот, но сè уште сакам да останам во Хрватска

46

mate rimac

Младиот хрватски претприемач и иноватор, Мате Римац, имаше свое предавање на престижниот Универзитет Стенфорд, пишува РТЛ.

“Ќе отвориме канцеларии низ светот, но јас сè уште сакам да останам во Хрватска, мислам дека е можно и сакам да го покажам тоа. Сигурен сум дека тоа нема да биде најлесниот пат, но некој мора да го направи тоа“, рече Римац на предавањето на Универзитетот.

На предавањето на Стенфорд присуствуваа студенти, како и претставници од компаниите Tesla и Google.

“Мислам дека е голема работа да се предава на Стенфорд, а посебна чест ми беше што дојдоа претставници од Tesla и Google и сите беа позитивни, добив голем број бизнис картички, многу и поделив и се надевам дека ќе произлезе нешто од тоа“, изјави Римац.

Римац имаше свое предавање на Стенфорд на повик на професорот Буртон Ли, кој лично ја посетил неговата фабрика.

Мате Римац е основач и директор на Римац Автомобили. Препознатлив е по тоа што го создаде најбрзиот електричен автомобил во светот.