Roark Capital го купи Subway за 9,6 милијарди долари

19

Синџирот за брза храна „Сабвеј“, познат по своите сендвичи, се согласи на понуда од 9,6 милијарди долари од приватната компанија „Роарк капитал“, јавува Би-би-си.

Со прифаќањето на понудата заврши шестдецениската семејна сопственост.

Subway рапидно растеше во последните години, но се соочи со зголемени трошоци и зголемена конкуренција, а од февруари бара нов сопственик.

Компанијата потврди дека се согласила на продажба, но не објави повеќе детали. Ројтерс објави дека проценетата вредност на компанијата е над девет милијарди долари.

Фото: facebook