Роберт Дауни Џуниор основа ризични фондови за инвестирање во одржлива технологија

27

Актерот и продуцент, Роберт Дауни Џуниор, кој создава организација за своите еколошки иницијативи, го претстави Footprint Coalition Ventures, ризични фондови што ќе вложуваат во компании насочени кон одржливост.

Овие фондови се дел од проектот што Дауни Џуниор го најави во 2019 година. Во рамки на тој дел е и непрофитна подружница што поддржува рани научни истражувања за одржливи технологии.

Фондовите на квартална основа ќе прифаќаат свеж капитал од квалификувани и акредитирани инвеститори. Средствата ќе бидат насочени кон технологии во неколку подрачја: храна и земјоделие, енергетика, образование, медиуми, напредни еколошки решенија и слично.

Фото: Freepik