Robinhood преговара за добивање уште една милијарда долари

31

Американското онлајн брокерско друштво Robinhood, што им послужи на малите трговци да ја прекинат праксата на хеџ фондовите да ја намалуваат цената на акциите на компаниите, имало средба со банки за собирање на долг од уште една милијарда долари, јавува Ројтерс.

Собраниот капитал, којшто треба да му овозможи на Robinhood да продолжи да ги исполнува налозите на short selling*, би бил одвоен од финансирањето од 3,4 милијарди долари што се обезбедени од инвеститори на 29-ти јануари.

Новиот прилив на капитал доаѓа откако минатата недела Robinhood послужи за голем обем на тргување со акциите на синџирот продавници за видео игри GameStop, откако мали инвеститори на платформите Reddit и WallStreetBets договорија масовно да купуваат акции и така да иницираат побарувачка за акции коишто беа на short selling кај хеџ фондовите.

На Robinhood сега му се потребни средства за да го запре тргувањето што го пласираат неговите купувачи, бидејќи неговата клириншка куќа побара поголем колатерал поради зголемена волатилност.

Robinhood е основана во Калифорнија во 2013 година, со цел демократизирање на финансиите. Неговата платформа им овозможува на корисниците неограничено тргување со акции, опции и крипто валути без провизии.

*short selling e процес што користи сложени берзански инструменти за да шпекулираат за падот на вредноста на акциите на некоја компанија, позајмувајќи акции што потоа ги продаваат, сметајќи на тоа наскоро да ги купат по пониска цена и да заработат на разликата. Тоа значи дека фирмата заработува пари, секогаш кога паѓа вредноста на акциите. 

Фото: Freepik