Robo – C: Хуманоиден робот што може да биде реплика на било кој човек

28

Promobot, старт – ап од Русија, започна да произведува и продава хуманоидни роботи, коишто имаат многу реален изглед. Првиот робот што го претстави компанијата е Android Robo – C, којшто може да биде направен како реплика на било кој човек.

Освен што роботот изгледа реалистично, тој може да ги менува изразите на лицето како и обичните луѓе.

Robo – C има 18 точки на движење на лицето, како и три ниво на слободно движење на главата. Со едно полнење на батеријата може да биде активен до осум часа.

Овој робот би можел да најде реална примена како консултант кој одговара на прашања на клиенти и купувачи во продавници, администратор за различни состаноци и средби во компаниите, како и за во домашни услови.

Фото: Promobot