RoBoHon – робот што се движи и зборува, а во исто време е и мобилен телефон

140

robohon

Јапонската технолошка компанија Sharp го создаде RoBoHon, уред што во исто време е и мобилен телефон и робот, пишува Wired.uk.

robohon 1

RoBoHon, којшто е висок 19,5 сантиметри, ќе се најде на продажба веќе следниот месец по цена од околу 1.800 долари.

robohon 2

Овој робот може да се движи, да зборува, а има вграден и ласерски проектор со резолуција од 1.280 х 720, па може да прикажува фотографии, видеа и мапи на својот екран или на било која рамна површина. RoBoHon, исто така, има посебен систем за препознавање на гласови.

robohon 3

Освен овие роботски задачи, RoBoHon функционира како мобилен телефон опремен со Android 5.0, LCD екран од 2“, 16 GB меморија и батерија од 1.700 mAh, камера од 8 мегапиксели…