Робот што го заменува сметководителот додека внесува влезни и излезни фактури, обработка на плати и самостојно ги евидентира во системот на некоја компанија, е идеја на загрепската компанија Vukovic Intelligent Systems.
Нивниот иновативен производ се темели на развој на роботска автоматизација на внес на податоци наменети за сметководители на мали и средни компании. Станува збор за софтвер којшто самостојно внесува податоци во друг софтвер и на тој начин штеди време што се губи во здодевно и заморно внесување на податоци.
Иако денес постојат безброј автоматизирани редовни процеси, сепак често се среќава рачно внесување на податоци од хартија во компјутер или прекуцување од еден во друг софтвер.
Хрватското иновативно решение ги чита сите потребни податоци за книжење, може да прочита бар кодови, а може да генерира и налог за плаќање. Самиот софтвер работи така што скенира податоци од документот, без оглед на тоа дали е во дигитална или хартиена форма. Роботот потоа ги внесува податоците во соодветен сегмент од сметководствената програма, пренесува Привредни.
Фото: Freepik