Робот молзе крави на модерна фарма во Србија

209

robot molze krava

Робот ги молзе 160-те крави во една од најмодерните фарми во српскиот град Црепаја, пишува Радио телевизија Војводина.

Фармата располага со робот за автоматско молзење на кравите. Се чуваат вкупно 204 крави, од кои 160 се молзат. Добитокот доаѓа на молзење, но и јаде и пие вода кога ќе посака.

Во шталата има еднонасочни патеки што го насочуваат движењето на кравите. Некои од кравите се молзат два, а некои до пет пати во текот на денот.

“Ова е систем преку којшто кравите сами доаѓаат на молзење. Имаме пет места. Присуство на луѓе не е потребно, бидејќи роботот сам ги поставува молзните единици и го молзе добитокот. Кравите се истренирани и со голема радост доаѓаат до роботот. Нив ги привлекува концентратот што се наоѓа во хранилките во секој бокс“, објаснува Горан Милошевиќ, управник на фармата.

Овој систем, според него, е похуман бидејќи добитокот сам доаѓа на молзење. Покрај тоа, општата состојба на кравите е подобра, а квалитетот на млекото зголемен. Во просек, од една крава дневно добиваат по 32 литри млеко.