Роботи како замена во слабо платени професии

35

Во мал супермаркет во Токио, робот послушно си ја завршува работата. Внимателно ги реди производите на рафтовите, а купувачите поминуваат покрај него и продолжуваат со пазарењето.

Изгледа како интегриран автономен механички работи, но тоа не е така, бидејќи неколку километри од него се наоѓа човек кој го контролира секое негово движење и го следи преку виртуелна реалност, пишува BBC.

Станува збор за робот на јапонската компанија Telexistence, чиј робот Model – Т e осмислен за физичка работа во супермаркети и други места, а e контролиран од далечина.

Овој концепт се нарекува телероботика, бидејќи не е во прашање машина што сама знае што треба да работи, туку со нејзе се управува од далечина. Такви роботи постојат веќе долго време и најчесто се користат за деминирање и други опасни работи во коишто сега во услови на пандемија спаѓа и доставата на храна.

Како причина зошто се тестира неговата работа во Јапонија е тоа што земјата се соочува со стареење на нацијата и дефицит на работници во професии што се физички и послабо платени.

Сепак, ваквата технологија не совршена, бидејќи роботите се побавни за разлика од нивните “колеги“ – луѓето и долготрајната употреба на очилата за виртуелна реалност, потребни за оној кој го контролира, не се препорачува поради здравствени причини.

Фото: YouTube/screenshot