Роботи ќе доставуваат намирници по домовите

20

roboti za dostava Жителите на повеќе европски метрополи, како што се Лондон, Дизелдорф или Берн, наскоро би можеле да забележат роботи по улиците, чија задача ќе биде достава на потребните намирници, пишува Information week.

Технолошкиот старт – ап Starship Technology, основан пред две години од соосновачите на Skype – Ахти Хеинла и Јанус Фрис, тестира роботи за достава на производи. Стартапот го реализира овој пилот проект со четири партнерски компании: Just Eat – Европска компанија за достава на храна, Hermes – германска компанија за достава на пратки, Metro Group – најголем германски трговец на мало и Pronto.co.uk – компанија за достава на храна со седиште во Лондон.

Овие роботи се движат со помош на шест тркала, а се опремени со GPS систем, радар и камера, што им помагаат да стигнат до точното одредиште. Роботите за достава ги почистуваат сите сообраќајни правила и ги заобиколуваат сите пречки на патот. Се движат самостојно, но следени од будното око на операторите.

Роботите на Starship досега се тестирани во 39 градови во 12 земји, поминаа над 8.000 километри, “запознавајќи“ околу 400.000 луѓе.