Роботите ќе ја оживеат економијата во Јапонија

83

Роботите ќе ги “ослободат“ луѓето од нивната здодевна работа и ќе ја оживеат економијата во Јапонија, вели еден од најбогатите луѓе во земјата на изгрејсонцето.

Масајоши Сон, извршен директор на високотехнолошката компанија Softbank Group, рече дека нивниот робот Vision Fund работи со 18 компании кои развиваат машини за вештачка интелигенција.

Во јули, Softbank објави дека го “запира“ производството на сопствениот робот, хуманоидот Pepper, по слабата продажба на машината, која беше рекламирана за употреба како домашен асистент и асистент за услуги на клиентите.

Сон рече дека Softbank останува партнер со Boston Dynamics и дека Pepper ќе донесе генерација пофункционални интелигентни роботи.

Таквите машини ќе имаат потенцијал да направат револуција во работната сила, бидејќи интелигентниот робот може да замени 10 лица по попродуктивност на дневна основа, рече Сон. Во Јапонија, тоа значи дека 100 милиони роботи би можеле да ја завршат работата на милијарда луѓе, додаде тој.

“Луѓето можат да се ослободат од здодевна работа и да работат на нешто што има повеќе додадена вредност“, вели милијардерот.