Ројал Васе: Купувачите го препознаа квалитетот и сигурноста

111

rojal vase

Во време кога многу фирми се жалат на пад на продажбата, особено во секторот на недвижнини, клиентите и во услови на криза го препознаваат квалитетот и стабилноста на својата инвестиција, велат од Ројал Васе. Тие во моментов градат станбен објект на ул. Мишко Михајловски 57 на Чешма во Кисела Вода и иако се уште се довршуваат бетонските работи, зградата е веќе 60% продадена.

“Не градиме масивно и големи објекти. Секоја локација внимателно ја одбираме. Посветуваме големо внимание на проектирањето. Секојдневно ја следиме градбата. Клиентите ги препознаваат нашите напори. Дури имаме и повторливи продажби. Градиме како за своја душа“, вели Васе Миланов, управител на фирмата.

Ројал Васе врши продажба на станови во кои самите инвестираат и ги градат, но работат и за други инвеститори. Проектираат и градат станбени и деловни објекти, вршат реконструкција на постојни објекти, како и дизајн на ентериер на станови. Компанијата успешно го има имплементирано и го применува системот за квалитет ИСО9001, сертифицирани од ТУВ Австрија, а во процес е имплементација на системот за управување со енергија ИСО50001, што значи дека сите нивни објекти се енергетски ефикасни, на ниво на меѓународни стандарди.