Ројал Васе воведе снимање од хеликоптер: Транспарентност во секоја фаза од градењето

278

1

Ројал Васе, компанија која врши продажба на станови во кои самите инвестираат и ги градат, воведе снимање од хеликоптер за секоја фаза од градењето. Како што велат од компанијата, тие за своите објекти внимателно ја избираат секоја локација, посветуваат големо внимание на проектирањето и секојдневно ја следат градбата.

“Довербата меѓу купувачот и градителот е најважна кога се купува нов стан. Транспарентноста во начинот на градење е еден од начините на кои се гради доверба. Затоа воведовме снимање од хеликоптер за секоја фаза од градењето на станбениот објект Мишко Михајловски 57 (Кисела Вода, Скопје), со цел нашите купувачи постојано да бидат во тек со динамиката на градба”, вели Васе Миланов, управител на Ројал Васе.

Ројал Васе проектира и гради станбени и деловни објекти, врши реконструкција на постојни објекти, како и дизајн на ентериер на станови. Компанијата успешно го има имплементирано и го применува системот за квалитет ИСО9001, а во процес е имплементација на системот за управување со енергија ИСО50001. Сите нивни објекти се енергетски ефикасни, на ниво на меѓународни стандарди.

2