Rollogo Escape S – куфер чии тркалца произведуваат струја

124

Сè почесто може да куферите да се забележат големи батерии на рачките од куферите, коишто се користат за полнење на паметни телефони. Но, од време на време таа батерија ќе мора да се наполни.

Куферот Rollogo Escape S, пак, го користи движењето на тркалцата за создавање енергија, којашто се складира во таканаречена power bank.

Секое од тркалцата, како што пишува New Atlas, е поврзано со генератор, од каде што ја испорачува енергијата во батеријата, од којашто може да се полнат мобилен телефон, лаптоп или таблет, преку два USB приклучоци.

Фото: Rollogo