Rolls-Royce ќе престави свое летечко такси возило во 2020 година

46

Фото: Facebook

Британскиот автомобилски гигант Rolls-Royce дизајнираше погонски систем за “летечко“ такси, за кое, како што велат од компанијата, може да стигне на пазарот уште на почетокот на следната деценија, пренесува BBC.

За сега компанијата изготвила планови за возило со електрично вертикално полетување и слетување (eVTOL), во кое ќе може да се пренесуваат 4-5 лица. Возилото ќе може да патува со брзина од 402 km/h и на растојание околу 800 километри, се вели во соопштението.

Првичниот концепт на возилото со eVTOL технологијата ја користи гасната турбина за производство на електрична енергија за напојување на шест електрични погони, што се специјално дизајнирани да имаат минимален шум. Крилата на “летечкото“ такси ќе можат да ротираат за 90 степени, овозможувајќи му на возилото да полета или да слета вертикално, со што ќе може да ги користи и постојните хелиодроми и аеродроми.

Rolls-Royce се приклучува на листата на поголем број иновативни компании, што се во обидот да развијат летечки возила. Како на пример, американската компанија за такси Uber, но и голем број нови компании, вклучувајќи и еден проект за “летечко“ такси“, поддржан од ко-основачот на Google, Лари Пејџ.