Rolls-Royce со загуба од 7,1 милијарди долари

59

Британскиот производител на мотори за авиони Rolls-Royce забележа рекордна загуба од 5,4 милијарди фунти, или 7,1 милијарди долари во првата половина на оваа година, поради пандемијата на коронавирус.

Компанијата не очекува нарачките да се вратат на нивото пред кризата до 2025 година.

Пандемијата доведе до пад на побарувачката за мотори, бидејќи авиокомпаниите значително ги намалија летовите, а производителите на авиони го намалија производството.

Rolls-Royce на почетокот на годината предвиде дека ќе произведе 450 мотори за авиони, но сега планира да испорача само 250 парчиња.

Компанијата претходно ги објави плановите за затворање на 9.000 работни места ширум светот, повеќе од 15 % од својата работна сила, со тоа што британските работници сочинуваат две третини од вкупниот број.