Романија: 330 милиони евра од користење платформи за споделување на превоз

21

Фото: Pixabay

Жителите на Романија, преку платформите за споделување на превоз, платиле 330 милиони евра, пренесува Romania Insider.

Споделувањето заеднички превоз во Романија е застапен со 21% во вкупниот приватен урбан транспорт, додека заедно со користењето на мобилни платформи, како што се Uber и Taxify, достигнува до 44% од вкупниот пазар.

Според податоците, активностите на урбаните мобилни платформи во економијата генерираат 210 милиони евра годишно, што е комплементарно со конвенционалните такси услуги и има позитивно влијание за целото општество.