Романија: Часовник за бесконтактно плаќање што ќе ги замени картичките

45

casovnik-bt

Фото: bancatransilvania.ro

Banca Transilvania, втората најголема банка во Романија, претстави часовник што може да се користи како уред за бесконтактно плаќање и ќе може да ги замени дебитните картички во земјата, пишува Romania Insider.

Часовникот е резултат на соработката со швајцарскиот производител на часовници Mondaine, технолошката компанија за дигитална безбедност Oberthur Technologies и провајдерот на финансиски услуги MasterCard.

Клиентите може да изберат една од трите верзии: Classic за жени, Classic за мажи и универзален Premium.

Часовникот функционира како банкарска картичка и на корисникот му овозможува влез во банкарската сметка без провизија. Неговата цена е околу 300 евра.