Фото: Pexels
Властите во Романија предвидуваат законско решение со коешто се унапредува “зелениот“ транспорт, а се обврзуваат локалните власти да набавуваат еколошки средства за јавен транспорт, пишува Romania Insider.
Според овој закон, во идните набавки на општините во Романија, електричните возила треба да имаат учество од минимум 30%. Исто така, најмалку 20% од возилата набавени за потребите на општините треба да се базирани на “зелена“ технологија.
Почнувајќи од 2020 година, приватните транспортни компании, вклучувајќи ги и таксистите, исто така, ќе мора да купуваат електрични возила. Овој вид на транспортни средства треба да сочинуваат минимум 30% од нивниот возен парк.