Романија: Над половина од новите канцеларии ќе имаат зелени градини

4

gradina-na-pokriv-pixabay

Фото: Pixabay

Над половина или 56% од 700.000 метри квадратни нов канцелариски простор, што треба да се пушти во употреба во Букурешт во периодот 2017 – 2019 година, ќе има внатрешни градини или зелени површини на покривите, пишува Romania Insider.

Најголем број од проектите за канцеларии со урбани градини ќе бидат лоцирани во централно – западниот ден на романската престолнина.

“Порано, достапните парцели се користеа за изградба на објекти и паркинг места, а многу ретко за зелени површини со минимални ресурси. Сега веќе се инвестира во вакви проекти што вклучуваат повеќе зелени површини“, вели Александру Петреску, менаџер во консултантската фирма за недвижнини ESOP.

Податоци од меѓународни студии покажуваат дека растенијата и зелените површини ја подобруваат продуктивноста на вработените за 15%, поради што архитектите во плановите и проекциите за канцеларии, ги интегрираат овие зелени градини.