Романија е последна земја членка на Европска унија по бројот на луѓе кои ги користат услугите на мобилното банкарство, пишува Romania Insider.
Само една петтина од жителите на Романија ги користат овие услуги, покажуваат податоците од истражувањата. Над една четвртина од испитаниците одговориле дека не планираат да ги користат овие услуги во иднина.
За споредба, 47% од луѓето користат мобилни банкарски услуги во ЕУ, додека во САД тој процент е 53.