Романија: Технолошкиот старт – ап UiPath доби инвестиција од 30 милиони долари

32

uipath-facebook

Фото: Facebook

UiPath е романски старт – ап што развива софтверски решенија коишто се справуваат со одредени операции на вработените кои се повторуваат повеќе пати. Со нивна помош, вработените не го губат времето на таканаречени copy – paste операции, туку се фокусираат на посложени активности.

Старапот, којшто е специјализиран за роботска автоматизација на процесите во компанијата, доби инвестиција од 30 милиони долари од venture capital компанијата Аccel Partners. Овој фонд претходно инвестирал во познати технолошки компании како што се Facebook, Dropbox и Spotify, пишува Business Review.

“Оваа инвестиција ќе ни помогне да ги воведеме придобивките од интелигентни RPA (robotic process automation) решенија во повеќе бизниси низ светот“, вели Даниел Динес, претседател и основач на UiPath.

UiPath соработува со над 200 големи компании во светот вклучувајќи ги: Lufthanza, Telenor и Dong Energy. Компанијата има клиенти што нудат: банкарски и финансиски услуги, осигурување, производство, здравствена заштита, како и државни институции. Околу 30% од клиентите се од САД, 40% од Европа, додека остатокот во Азија.

Седиштето на овој технолошки старт – ап е во САД, има канцеларии во шест земји, а во Романија има центар за истражување и развој, како и тим што ги имплементира софтверските решенија.