Романија е меѓу првите десет земји во Европа со најголем раст на старт–ап бизнисите, покажуваат истражувањето на компанијата Paymentsense, а пренесува Romaniа Insider.
Анкетата рангира 30 земји врз основа на тоа колку нови бизниси се регистрирани помеѓу 2013 и 2017 година и кои се најпопуларните индустрии во секоја земја.
Според бројот на регистрирани стартапи, Романија се наоѓа на 10-то место, со регистрирани 499.419 бизниси за гореспоменатиот четиригодишен период.
Турција пак, е на врвот на листата со 2,1 милион регистрирани компании помеѓу 2013 и 2017 година. Бугарија е 16-та, со 228.421 старт-ап компании, додека Унгарија е на 12-тото место со 337.002 бизниси.
Погледнато низ проценти, Романија остварила раст од 3,87%, и е веднаш зад водечката Британија со 5,09% раст во основањето на нови компаии во периодот 2013-2017 година.
Инаку најголем дел од новоформираните компании се во секторот Трговијата на големо и мало, а анкетите покажаа дека за Романија, најдобрата година за нови стартапи во сите индустрии била 2013 година.
Фото: Pixabay