Жителите на Романија од оваа есен ќе можат онлајн да ги плаќаат обврските по основ на даноци и такси, најави тамошниот премиер Дачиан Чолос, пренесува Romania Insider.
“Ова е важен чекор за поедноставување и намалување на бирократијата во односот меѓу даночните обврзници и администрацијата“, изјави тој.
Плаќањето даноци и такси со картички во овој момент е овозможено во даночните агенции во девет земји.