Романија: Задолжително донирање или продавање на хранa чиј рок е при крај

18

supermarket-kolicka-pixabay

Фото: Pixabay

Трговците и производителите во Романија ќе имаат обврска храната чиј рок е при крај да ја донираат во непрофитни организации и центри за заштита на социјално загрозени семејства или да ја продадат на социјални претпријатија, пренесува Romania Insider.

Тие ќе може да ги продадат производите чиј рок е пред истек на 3% од нивната цена плус данок на додадена вредност на социјални претпријатија или фондации, коишто ќе може да ги продадат по цена повисока за 25% плус ДДВ.

Компаниите што нема да ја почитуваат оваа обврска ќе бидат санкционирани. Казните се движат меѓу 220 и 660 евра за мали и од 1.300 до 2.000 евра за големи компании.

Во Романија секоја година се уништуваат големи количини на храна, па според официјалните податоци лани се фрлени 15 милиони тони храна.