Романските земјоделци очекуваат рекорден род на пченица

18

pcenica

Романските земјоделци би можеле да соберат преку четири тони пченица по хектар оваа година и со тоа да постават нов рекорд, според извештајот на Европската комисија, пишува Romania Insider.

Ова ќе претставува раст од над 17% во споредба со просечната жетва во последните пет години.

Сепак, приносот ќе остане под просекот на ЕУ, каде се проценува на 5,85 тони по хектар, што е намалување за 2,9% во однос на претходната година. Највисок принос на пченица се проценува за Ирска (9,67 тони по хектар), Белгија (9,17 тони на хектар) и Холандија (9,19 тони по хектар).