Рон Хауард го продаде имотот во Њујорк за 27,5 милиони долари

38

ron-howard-mansion-

Оскаровецот Рон Хауард и неговата сопруга Шерил официјално го продадоа имотот во округот Вестчестер во Њујорк за 27,5 милиони долари, јавува Wall Street Journal.

Според продажните агенти, оваа продажба е рекордна во овој округ, а купувачот сака да остане анонимен.

Имотот се протега на повеќе од 32 хектари, вклучувајќи езеро и опсерваторија со професионален телескоп. Главната куќа има шест спални соби, две библиотеки, кино за 14 лица, внатрешен базен со морска вода, фитнес и јога студио. Исто така, на имотот има и гостинска куќа со повеќе од две спални, затворено тениско и кошаркарско игралиште.

Погледнете ја оваа прекрасна палата што беше сопственост на познатиот режисер, продуцент и актер Рон Хауард, што ја објави Business Insider.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14