Роналдо и Binance објавија NFT партнерство

16

Кристијано Роналдо и Binance ќе соработуваат за да им понудат на фудбалските навивачи можност да поседуваат „ дел од спортската историја“.

Фудбалската суперѕвезда го објави своето ексклузивно партнерство со Binance.

Роналдо рече дека повеќегодишниот договор ќе биде можност за навивачите „да поседуваат дел од спортската историја“ и да бидат дел од неговата Web3 заедница.

“Денеска ќе ја промениме играта со NFT и ќе го подигнеме фудбалот на следното ниво“, вели фудбалерот во видеото.

Binance е еден од најголемите крипто екосистеми, со една од неговите главни компоненти, вклучувајќи ја централизираната Binance Exchange и Binance Smart Chain (BSC). BSC е вториот најкористен синџир на блокчејн по Etherium, со 407 различни протоколи изградени на него и заклучена вредност од 5,92 милијарди долари.