Роналдо отвора луксузен хотел во Мадрид

36

Португалскиот фудбалер, Кристијано Роналдо на седми овој месец го отвора луксузниот хотел Pestana CR7 Gran Via во Мадрид. Станува збор за еден од најлуксузните хотели во шпaнската престолнина, за којшто Роналдо одвоил 13 милиони евра.

Хотелот има 10 катови и 186 луксузно опремени соби. Интересно е што деветтиот кат од хотелот ќе биде отворен за сите, а посетителите ќе може да ги пробаат специјалитетите на хотелот и да уживаат во луксузно опремен спортски бар.

Роналдо веќе е сопственик на два хотела во родната Португалија, а Pestana CR7 Gran Via е прв негов хотел надвор од земјата во којашто е роден.

Фото: Instagram