Роналдо отвори нов хотел на Тајмс Сквер

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо има нова инвестиција. Овој пат тој отвори хотел во Њујорк.

Ѕвездата на Јувентус претходно отвори хотели во Мадеира, Лисабон и Мадрид.

Роналдо ја информираше јавноста за својот нов потфат на Тwitter, каде откри и како изгледа неговиот хотел Pestana CR7 на Менхетен, првиот надвор од Европа.

Фото: Facebook