Роналдо со еден потег “збриша“ четири милијарди од вредноста на Coca – Cola

90

Португалскиот фудбалер, Кристијано Роналд одржа конференција на новинари пред првиот натпревар на Европското првенство со Унгарија, на којашто тргнал шише Coca – Cola од масата, што предизвика бројни реакции. Но, тоа се одрази и врз американскиот производител на газирани пијалаци.

Роналдо на почетокот на пресот од масата тргнал две шишиња Coca – Cola, што е еден од главните спонзори на фудбалскиот натпревар, а потоа извадил шише со вода и на присутните им порачал: Пијте вода.

Откако Роналдо ги тргна шишињата, вредноста на акциите на Coca – Cola на берзата се намалија од 56,10 на 55,22 долари, односно за 1,6%.

Поради овој потег на фудбалерот, вредноста на компанија од 242 милијарди се намали на 238 милијарди долари, што претставува загуба од четири милијарди долари.

Јавноста веќе знае дека Роналдо води здрав живот и не ги сака газираните пијалаци, па се лути кога неговиот син пие Coca – Cola.

“Ќе видиме дали ќе стане голем фудбалер. Понекогаш пие Coca – Cola и јаде чипс што многу ме нервира и го знае тоа“, рекол Роналдо.

Фото: Facebook