Royal Cat Hotel – луксузен хотел за мачки во Хрватска

81

Мирјана Совиќ од Загреб е сопственичка на хотел чии гости се малку понеобични од оние во другите хотели. Таа е сопственик на ексклузивен хотел за мачки што е прв од таков вид во Хрватска, пишува Пословни дневник.

На почетокот на јуни оваа година, отворени се вратите на Royal Cat Hotel, специјализирано делукс сместување наменето за мачки чии сопственици патуваат, го реновираат домот, очекуваат гости…

“Хотелот го отворивме на трети јуни, а од 15-ти истиот месец ги почнавме резервациите. Цело лето не застанавме. Низ хотелот досега поминаа околу 270 мачки, дневно во просек околу 35“, вели Совиќ.

Идејата за таков хотел, таа го добила во Сингапур, каде што овие сместувачки капацитети за миленици се луксузни градби, на неколку ката.

Во две простории има 16 Royal Vip и девет Royal Classic апартмани за мачки, направени од дрво. Во нив, овие домашни миленици имаат простор за спиење, јадење и кутија со песок.

Еден ден во хотелот чини околу 20 евра, во зависност од видот на сместувањето. Доколку мачките престојуваат повеќе од 10 дена, во тој случај цената е по договор.

Фото: Royal Cat Hotel