Рубрика за поткуп во словенечките даночни пријави

55

slovenija danokВо даночната пријава за сопствениците на фирми во Словенија постои рубрика “поткуп”, пишува словенечки Дневник. Весникот наведува случај на словенечки претприемач чие име и е познато на редакцијата, кој се изненадил кога во формуларот за пријавување на данокот ја видел оваа рубрика.

Иако е малку веројатно дека некој сам ќе се пријави дека земал поткуп, за што ќе добие пет години затвор и парична казна, во даночната управа тврдат дека рубриката е воведена држејќи се за Законот за данок на личен доход на претпријатијата.

Даночната управа тврди дека тој закон дозволува и можност за “самопријавување” на корупција во работењето. Во такви случаи, од претприемачот се очекува во образецот под број 6.15 да ги впише трошоците од давање поткуп и други видови на противправна корист, а не да ги прикаже како оправдан трошок кој би му ја намалил даночната основа, пишува Дневник.

Даночните власти не сакале да дадат информација дали некој воопшто ја пополнил таа рубрика.