Ручек во скап ресторан во Швајцарија чини 23, а во Пакистан едно евро

86

Еден оброк во скап ресторан во Швајцарија чини 22,88 евра, што е највисока цена во светски рамки. Од друга страна пак, еден оброк во скап ресторан во Пакистан е 1,15 евра, покажуваат податоците на Numbeo.

Меѓу земјите коишто имаат највисока цена на оброците во скапи ресторани се и: Исланд (18,22 евра), Норвешка (17,55 евра), Данска (16,07 евра) и Израел (15,46 евра).

Од земјите во регионот, најскап оброк во скап ресторан има во Грција (10 евра). Потоа, следува Словенија со осум евра, Хрватска со 6,75 евра, Црна Гора (5,26 евра) и Бугарија со 5,11 евра. Зад нас се и Србија со 4,68 и Албанија со 4,53 евра. Македонија е 70-та во светски рамки со цена на оброк во скап ресторан од 4,06 евра, додека зад нас се Турција (3,95 евра) и Босна и Херцеговина (3,58 евра).

Најевтин е оброкот во скап ресторан во овие земји: Шри Ланка (1,32 евра), Тунис (1,58 евра) и Индонезија (1,61 евра).

Фото: Pixabay