Рударска компанија плати две милијарди долари казна за загадување во Сибир

24

Рускиот рударски гигант Norilsk Nickel објави дека платил казна од две милијарди долари за штета предизвикана од излевање на дизел во Сибир, што е најголема еколошка катастрофа во рускиот дел на Арктикот.

Norilsk Nickel е најголем производител на паладиум во светот, втор производител на никел и меѓу 10-те најголеми кога е во прашање бакарот.

Излевањето на 21.000 тони дизел во реките и земјиштето во околината на градот Норилск што го налути рускиот претседател, Владимир Путин, а судската казна за штета нанесена на околината, изречена во февруари оваа година, е далеку најголема во историјата на руското правосудство кога се во прашање компаниите.

Со казната, како што се наведува, е испратена порака да се модернизира производството на компанијата.

Фото: Pexels