Рудници Бањани ќе исплаќаат дивиденда од акумулирана добивка

26

rudnici-banjani-1Акционерското друштво Рудници Бањани донесе одлука за исплата на дивиденда за 2015 година.

“Се утврдува исплата на дивиденда во висина од 32 денари по акција нето, односно бруто дивиденда од 35,56 денари по акција од акумулираната добивка до 31.12.2008 година“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.

Датум на пресек на акционерската книга е 12.04.2016 година. Датум на стекнување на право на дивиденда, според дивидендниот календар, е 07.04.2015 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 08.04.2015 година.