Рудници Бањани оствари загуба од 2.032.000 денари, во период од први јануари до 30 септември оваа година, покажуваат податоците од билансот на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.
Минатата година, Рудници Бањани евидентирале добивка во висина од 6.634.000 денари.
Приходите од продажба за девет месеци оваа година изнесуваат 37.077.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 36.846.000 денари, додека остатокот од 231.000 отпаѓаат на странски пазари.