Рудници Бањани во период оствари добивка од 626.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период во 2014 година, компанијата прикажа добивка од 537.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во 2015 година достигнаа ниво од 56.029.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 55.545.000 денари, додека остатокот од 484.000 денари е реализиран на странски пазари.
“Трошоците се намалени за 4.661.000 денари. Најголеми намалувања има кај трошоците за плати за 4.339.000 денари поради намалениот број на вработени“, стои во Образложението објавено на Македонска берза.