Рудници Бањани прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 2.360.000 денари во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во истиот период лани, компанијата оствари добивка во висина од 1.715.000 денари.
“Приходите од продажба се поголеми во однос на истиот период лани и се резултат на зголемениот процент на продажба на микрофракции во однос на вкупната продажба изразена во тони“, стои во Образложението за настанатите значајни промени во финансискиот резултат.
Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од оваа година имаа вредност од 52.539.000 денари. Од нив на домашен пазар се остварени 52.042.000 денари, додека на пазари во странство се реализирани 497.000 денари.