Рудници Бањани за шест месеци прокнижи добивка од четири милиони денари

71

Рудници Бањани во првите шест месеци од оваа година прокнижи вкупна сеопфатна добивка од 4.037.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првите шест месеци од минатата година, компанијата оствари добивка од 806.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти јуни оваа година, достигнаа ниво до 30.688.000 денари. Поголемиот дел, односно 30.402.000 денари е остварен на домашен пазар, додека остатокот од 286.000 денари е реализиран на странски пазари.

Фото: Pixabay