Руле турс и во наредните 15 години ќе стопанисува со Автобуската станица Скопје

342

avtobuska stanica skopje

Компанијата Руле турс и во наредните 15 години ќе стопанисува со Автобуската станица Скопје, пишува Миа.

На денешното усно јавно наддавање за закуп и стопанисување со Скопската автобуска, што се одржа во просториите на Град Скопје, досегашниот концесионер Руле турс понуди највисока понуда, 213 милиони денари, плус ДДВ. Вкупната постигната цена изнесува над четири милиони евра.

На јавното наддавање учествуваа и компаниите Вардар експрес и СИЗ за патен сообраќај (Македонија сообраќај – АМЕРИТ) Скопје.

 Од Град Скопје соопштуваат дека за јавното наддавање биле заинтересирани седум компании, од кои пет ги исполнија условите. До денот на јавното наддавање, од овие пет компании, гарантен депозит што беше услов за учество во усното јавно наддавање доставиле три компании.