Шпанија оваа година ги повикува странските туристи, наместо традиционално да уживаат на плажите, тоа да го направат во убавите шпански села.
“Посебно нагласувам дека туристите треба да уживаат во богатите селски туристички атракции коишто ги има нашата земја, што претставуваат бисер на круната“, рекол шпанскиот премиер, Педро Санчез.
Тој покрена амбициозен план за зачувување на селата што полека изумираат. Планот вреди 10 милијарди евра и е насочен кон заштита на руралниот живот во земјата каде што 42% од селата се во ризик од депопулација, што е над европскиот просек од околу 10%, јавува Ројтерс.
Населението во Шпанија, што има 47 милиони жители, само 12,7% живеат во руралните подрачја, додека тој процент во Франција е далеку повисок – 67,8% и во Германија 59,9%.
Фото: Pexels











