Русија добива уште двајца милијардери

62

Основачите на руската ИТ компанија Veeam, Ратмир Тимашев и Андреј Баровон ќе станат милијардери, откако ќе заврши продажбата на нивната компанија на американскиот фонд Insight partners, пренесува магазинот Forbes.

Тие двајца се меѓу 200-те најбогати Руси веќе некое време, а нивното богатство се проценува на околу 700 милиони долари. По продажбата на Veeam, се очекува нивното богатство да порасне за по 500 милиони долари, па секој на својата сметка ќе има по 1,2 милијарди долари.

Veeam се проценува на околу пет милијарди долари, новото седиште ќе ѝ биде во САД, а нејзините основачи ќе ја напуштат Управата, но ќе бидат дел од советодавниот тим.

Магазинот Forbes на крајот на минатата година ја објави листата на најбогати Руси. Предводник на листата е Владимир Потанин, чие вкупно богатство се проценува на 23,8 милијарди долари.

Фото: Pexels