Руската економија поради социјалните мрежи трпи загуби до 10 милијарди долари годишно, тврдат аналитичарите од руската компанија за ревизија и консалтинг ФБК. Според експертите, повеќето граѓани додека се на работа времето го трошат на мрежите како Facebook, Twitter и ВКонтакте, а тоа се рефлектира и на продуктивноста.
“Секако, ова е груба проценка. За да се добијат точни бројки, неопходно е да се направат детални анализи на социјалните мрежи”, вели директорот на ФБК, Игор Николаев.
Според истражувањето на SomScore, на социјалните мрежи се регистрирани преку 57 милиони Руси, кои минатата година на нив потрошиле 25,6 минути дневно или 12,8 часа месечно, вклучувајќи го и времето додека се на работа.
Колку за споредба, американската економија годишно губи по 650 милијарди долари годишно од истите причини.